И Јужна Кореја испали ракета како одговор на Северна Кореја

пред 3 години

Јужна Кореја истрела неколку проектили како одговор на потегот на Северна Кореја.

Јужнокорејската војска, исто така, соопшти дека е подготвена, доколку е потребно, прецизно да ја таргетира областа од која Северна Кореја истрела балистички ракети, пишува „Скај њуз“.

Северна Кореја денеска истрела можна интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), што би било прво такво лансирање во целиот опсег на најголемите ракети од 2017 година.

Северна Кореја денеска истрела можна балистичка ракета во водите источно од Корејскиот полуостров, соопшти кабинетот на јапонскиот премиер. Јужна Кореја исто така го пријави лансирањето, велејќи дека сè уште се обидува да утврди колку точно проектили биле лансирани. Јапонските власти наведуваат дека проектилот паднал на 170 километри од границата, пишува „Франс прес“.

Share
Scroll to Top