Русите опколија уште еден украински град

пред 3 години

Руските сили, кои го држат под опсада градот Чернихив, го отсекоа овој град во источна Украина од остатокот од земјата, соопшти денеска регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус.

„ Градот е оперативно опколен од непријателот“, изјави Чаус на украинската телевизија, додавајќи дека Чернихив е под оган од руска артилерија и воени авиони, пренесува „Ројтерс“.

Чернихив, кој се наоѓа северно од главниот град Киев, има речиси 290.000 жители, наведува британската агенција.

Share
Scroll to Top