(Видео) Андреа ги претстави придружните вокали за Евросонг

(Видео) Андреа ги претстави придружните вокали за Евросонг

пред 3 години

Рената Кралевска и Ана Петан ќе ги пеат придружните вокали на Андреа Коевска на Евросонг во Торино. Андреа објави видео на кое трите девојки ја пеат песната Еуфорија од Лорин и се пофали дека го има тимот од соништата.

„Со гордост ви ги претставувам моите прекрасни придружни вокали Ана и Рената. Почувствувајте ја нашата енергија и хемија, зашто токму тоа ќе го донесеме во Торино. Едвај чекаме да дојде Евровизија. Уживајте во овој мал дел од ‘Еуфорија’“, напиша Андреа.

Таа и нејзиниот тим работат и на сценскиот настап за Торино, а ги договараат и деталите за гардеробата што ќе ја носат. Во интервју за „Репортер“, Андреа неодамна кажа дека едвај чека да пее на Евросонг, зашто од дете е вистински фан на ова музичко натпреварување.

„Никогаш не сум била поспремна во животот“, рече Андреа.

Share
Scroll to Top