Фудбалскиот репрезентативец Александар Трајковски (29) вчера го даде одлучувачкиот гол во мечот против Италија, со што ја одведе Македонија во финалето за пласман на Светско првенство. Во 2015 година потпиша договор со италијанскиот клуб Палермо како нивен напаѓач, градот каде што се оддржа натпреварот. Но повеќе не е дел од клубот.
Александар е во брак со Александра, со која го имаат синот Матеј (5). Тој често знае да истакне дека неговото семејство му е сè, односно дека токму тие му се најголемата поддршка во животот и кариерата.
„Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија!“, напиша тој на Инстаграм, по победата над Италија.
По победата, фудбалерот се огласи и на Твитер, каде напиша: „Верувај во своите соништа и тие ќе ти се остварат. Македонија!“
Belive in your dreams and they will come true! MACEDONIA ???? pic.twitter.com/klV75XelXJ
— Aleksandar Trajkovski (@ATrajkovski17) March 25, 2022