googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });
Поп-пејачката Кристина Арнаудова се налути на градоначалничката на Скопје Данле Арсовска, па јавно ја прозва на социјалните мрежи, откако за првпат Град Скопје не го подржа летниот камп за деца во социјален ризик, Шарено лето. Овој летен камп постои од постои од 2017 година, кога секое лето со Аранудова стотици деца од ранливи категории и социјалне ризик одат на својот прв летен одмор. Овој пат Арнаудова вели дека неговото оддржување е неизвесно.
„Градоначалничката е токму онаква каква што очекувавме. Политичка фигура која нема сенс за хуманост и вакви проекти. Ќе бидат ова долги три и пол години. Јас само би и препорачала да не меша политика во хуманитарни проекти кои се потребни на овој напатен народ и многу деца“, вели Арнаудова.
Таа додава : “Можам само да кажам дека ќе дадам се од себе да се одржи овој камп, а на оние кои избришале ваков хуман и потребен проект нека им служи на чест. Мандатите поминуваат, а ние остануваме. Секој кој сака да спонзорира летен одмор за едно дете може да ни пише порака, па ние ќе најдеме заеднички начин.
Редакција Репортер се обарти до Кабинетот на градоначаничката Данела Арсовска, но досега не добивме изјава дали навистина Град Скопје не го подржува летниот камп за децата од ранливи категории.







