Украинските вооружени сили на „Твитер“ објавија видео за кое велат дека прикажува минирање на цел руски конвој.
На снимката се гледаат неколку камиони, а потоа се случуваат неколку истовремени детонации.
$bp(“Brid_48484958”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”981726″,”autoplay”:0,”shared”:true});
Украинците посочуваат дека ова е совршен пример за заседа извршена од силите за специјални операции.
Се додава дека колоната е минирана преку далечински управувач. Нагласуваат и дека биле нанесени значителни загуби за непријателот.