Крис Рок не разговарал со Вил Смит по шлаканица на „Оскарите“, тврдат американски медиуми, додавајќи дека, наводно, комичарот не знаел дека Џејда Пинкет Смит има алопеција.
Медиумите цитираат инсајдер кој вели дека комичарот допрва треба да се сретне со Вил откако актерот го удри на сцената на „Оскарите“ во неделата вечерта.
Според истиот извор, Крис не бил свесен дека Џејда Пинкет Смит боледува од алопеција, кога се пошегува дека со нејзината избричена глава наликува на Деми Мур во „Џи Ај Џејн“.
„ТМЗ“ објави дека Крис и Вил допрва треба да го решат проблемот приватно, и дека немало никаква комуникација меѓу двајцата по инцидентот.
Близок пријател на Крис информираше дека комичарот веднаш се вратил во својата соблекувална по инцидентот и ја напуштил зградата.