Пиштол и муниција пронајдени кај турски државјанин на скопскиот аеродром

пред 4 години

Полициски службеници во утринските часови на 28. март на скопскиот аеродром го лишиле од слобода O.Х.Х. (29) од Турција.

Како што информираат од МВР, при контрола во неговата патна торба биле пронајдени и одземени еден пиштол со рамка за муниција и 60 куршуми.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

 

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан
Share
Scroll to Top