Џим Кери вели дека Вил Смит требало да биде уапсен поради шлаканицата на „Оскарите“

пред 3 години

Актерот комичар Џим Кери јасно стави до знаење дека верува оти Вил Смит, удирајќи му шлаканица на Крис Рок за време на „Оскарите“, не само што направи непоправлива штета на неговото наследство туку и на целата холивудска индустрија.

Во интервју за „Си-би-ес морнингс“ со Гејл Кинг, Кери рече дека Смит треба да се соочи со многу поголеми последици за шлаканицата откога комичарот Рок се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда.

Смит не само што не беше исфрлен од настанот, туку доби стоечки овации по освојувањето на „Оскарот“ за најдобар актер за „Кралот Ричард“. Тој во понеделникот се извини во објава на „Твитер“.

„Ми се слоши од целата ситуација, која вклучуваше и овации“, рече Кери во емисијата и по коментирањето на Кинг дека на некој друг да му се случеше ова, сигурно ќе биде избркан, а можеби и уапсен, Кери одговори: „Требаше да биде уапсен“.

Покрај неговите остри зборови за ѕвездата на „Мажи во црно“, актерот комичар публиката на оскаровската церемонија ја нарече без’рбетна поради непреземањето акција.

„Холивуд е масовно без ‘рбет и навистина се чувствував дека ова е јасен показател оти повеќе не сме истиот клуб од порано“, рече Кери.

Share
Scroll to Top