Исчезната жена од населбата Драчево, семејството бара помош за нејзино пронаоѓање

пред 3 години

Ви се обраќам за да побарам помош за вас во подигање на свеста на надлежните органи и населениото во потрагата на мајка ми која исчезна на 22.03. Подоле оставив опис на ситуацијата. Доколку може да објавите на вашите медиуми ќе ни бидете од многу голема помош. Нашето семејство е мало и ни е потребна сета помош за да се пронајде мајка ми.

„ Виолета Јаневска, на возраст од 60 години, последен пат видена на 22.03.2022 вторник, во време 17:30-18 часот кај Поштата во Населба Драчево. Телефонот ѝ е приметен последно на базна станица Јурумлери што фаќа далечина од неколку км. Облечена е во црно. Црн капут, тегет тренерки и црни кондури. Треба со себе да носи црвена торба и наочари за гледање. Висока е 166, 52 килограми има црвена коса со малку бело. На десната страна на усната има израсток. Има зелени очи. Нема предходни психички пореметувања и болести ниту пак е зависна од некакви супстанци и лекарства. Многу е одговорна и организирана личност, каде работи како сметководител во Факултетот за безбедност повеќе од 40 години. Се грижи за себе и за своето здравје и има активен и здрав начин на живот.

Излезе од дома за кратко да земе наочари и ги има подигнато и после ѝ се губи трага.

Телефон за контакт 071370185. Доколку сте во можност за волонтирање за барање, барајте ме.

Однапред им се заблагодарувам на сите што ни помагаат и ќе ни помогнат во потрагата.