Русија сега е „помала земја“ по инвазијата на Украина, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас.
Во изјава за „Скај њуз“ тој оцени дека претседателот на Русија, Владимир Путин, „веќе не е силата што беше, туку дека е човек кој се затворил во кафез“.
– Армијата му е исцрпена, претрпе значителни загуби. Угледот на големата армија на Русија е уништен. Тој не само што треба да живее со последиците од она што и го прави на Украина, туку ќе мора да живее и со последиците од она што и го направи на својата војска – рече Валас.
Британскиот министер рече дека се чини дека руската армија се репозиционира и го насочува својот фокус кон југот и истокот на Украина.
– Го видовме тоа и порано. Секогаш ќе биде полошо. Ќе има уште напади врз цивили и области каде што има цивили – додаде тој, пренесува Би-Би-Си.