Канје Вест на новата девојка и подари чанта „Биркин“ од 275.000 долари

 Канје Вест на новата девојка и подари чанта „Биркин“ од 275.000 долари

пред 2 години

Канје Вест ѝ подари на Чејни Џонс – девојката со која е во романса последниве неколку недели  многу ретка чанта Hermès Birkin. Таблоидите цитирајќи извор кој за „Ентертејнмент тунајт“ откри дека Вест купил исклучително ретка верзија од линијата „Биркин“ за 24-годишната манекенка Чејни за 275.000 долари.

Чантата е од сребрена металик боја од Chèvre-кожа со традиционално затворање од паладиум и ѝ била доставена на Чејни во Хјустон, Тексас, во вторникот вечерта, според изворот, кој додава: „Канје гледаше како Чејни го добива подарокот преку ‘Фејс-тајм’“.

Мишел Берк, извршен директор на Privé Porter, изјави за „Пејџ сикс“: „Ова е модел во ограничено издание од 2004 година. Други славни сопственици на оваа чанта се Џефри Стар и Бела Хадид. Таа е една од најпосакуваните и најбарани ‘биркини’ во светот. Побарувачката е поради убавината и уникатноста на чантата, како и лимитираното производство. Тимот на Канје беше дециден дека ја сака токму таа“.

Share
Scroll to Top