За првпат по 84 години домаќинот нема да го отвори Мундијалот во Катар. Последен пат кога се случи вакво нешто, на отворањето на едно Светско да не игра ниту домаќинот ниту бранителот на трофејот, е далечната 1938 година. Сега во Катар првиот меч ќе го играат Сенегал и Холандија.
Се работи за репрезентации кои не играа ниту на минатиот Мундијал, а натпреварот ќе почна во понеделник на 21 ноември во 11 часот по локално време. Сенегал и Холандија ќе играат на градот „Ал Тумам“, на истоимениот стадион, кој може да прими 40.000 гледачи.
Досега праксата покажа дека секогаш првиот натпревар го игра домаќинот или бранителот на трофејот, како што тоа последен последен пат беше случајот со Франција во 2002 година. Сепак сега Катар ќе игра на првиот ден, но дури на третиот натпревар против Еквадор во 17:00 часот.