(Видео) Димитар Андоновски и Сара Мејс ја препеаја „Ако одам во Битола“: Нов звук на познатата народна песна

(Видео) Димитар Андоновски и Сара Мејс ја препеаја „Ако одам во Битола“: Нов звук на познатата народна песна

пред 3 години

Пејачот Димитар Андоновски, харфистката Сара Мејс и групата „Фонтана“, преработија една од најубавите македонски народни песни „Ако одам во Битола“. Песната која ја нарекуваат и „химната на Битола“ доби нова верзија.

Димитар, кој пее, вели дека се потрудил да направи нешто квалитетно со кое битолчани уште повеќе ќе се гордеат во иднина.

„Песната е во чест на легендарниот автор Петар Георгиев-Калица“, рече тој.

Сара овој пат не пее, туку само свири на харфа, а свират и момците од познатата битолска група „Фонтана“.