Нови проблеми за Вил Смит, кои сериозно може да му наштетат на неговата кариера

пред 3 години

Се чини дека шлаканицата што Вил Смит му ја удри на Крис Рок на доделувањето на „Оскарите“ има реперкусии врз кариерата на славниот актер. Самиот Смит се повлече од Академијата, но овој потег е главно симболичен.

Од друга страна, многу посериозни би можеле да бидат шпекулациите шѕо ги носи The Daily Beast, во кои е вклучена и врската помеѓу актерот и неговите агенти.

Имено, според овој медиум, агенцијата CAA (Creative Artists Agency) сериозно размислува да ја прекине соработката со Вил Смит.

Наводно, во агенцијата има струи што се во конфликт за ова прашање. Така, Ричард Ловет, еден од најважните луѓе во агенцијата, кој лично го застапува Смит, би сакал актерот да остане со нив, но има многу што со задоволство би ја прекинале соработката.

Факт што секако не му оди во прилог на Вил Смит е дека CAA набргу ќе ја преземе конкурентската агенција ICM, која го застапува Крис Рок.

И некои други околности од минатото на агенцијата и светот на шоу-бизнисот не му одат во прилог.

Пред неколку години CAA се изгоре со скандалот за Харви Вајнстин, кој е обвинет за силување. Во еден момент агенцијата дури објави и соопштение во кое се извини. Можно е агенцијата, едноставно, да заклучи дека нема потреба да се ризикува со уште полош ПР.

За потсетување, по скандалот на „Оскарите“, и „Нетфликс“ и „Сони“ ги одложија претстојните проекти со Вил Смит.

Share
Scroll to Top