Турскиот суд денеска донесе одлука да го запре судењето на осомничените за убиството на новинарот Џамал Кашоги и да го пресели во Саудиска Арабија, јавува „Ројтерс“.
Како што се наведува, одлуката на турскиот суд е донесена во момент кога Анкара сака да ги подобри односите со Ријад.