Амбасадорот на Украина во ОН: Украинци се закопуваат во масовни гробници

пред 2 години

Амбасадорот на Украина во ОН Сергиј Кислиција ја осуди Русија и ја нарече „држава агресор“ за лаги, воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува Би-Би-Си.

„ Која е следната цел? Уште една станбена зграда? Уште едно породилиште? Руските војници веќе ги погодија сите овие места“, рече тој.

Обраќајќи се во ОН, тој зборуваше за Мариупол, кој е речиси под постојан напад на руските сили.

„ Руските воздушни напади и гранатирање речиси го уништија Мариупол и загинаа 1.582 цивили во градот, според локалните власти. За прв пат по Втората светска војна, луѓето се закопуваат во масовни гробници во украинските градови“, рече тој.

Share
Scroll to Top