(Видео) Азербејџанците целосно уништија православна црква во ракетен напад

пред 4 години

Православната црква „Свети Христос Спасител“ во Шуши, Нагорно-Карабах, беше целосно уништена во ракетен напад на азербејџанската армија.

На фотографиите објавени од Араик Арутјуњан, претседател на таа спорна област, уништена е црквата позната како Казанчецоц, обележје на Шуши, која е изградена пред повеќе од 150 години и досега се спротивставуваше на конфликтите во Нагорно-Карабах, кои траат со прекини повеќе од 30 години.

„Овој вандализам е против човештвото и божјите закони. Ќе закрепнеме!“, рече Арутјуњан.

Црквата „Свети Христос Спасител“ е изградена од 1868 до 1887 година и е седиште на епархијата Нагорно-Карабах на Ерменската апостолска црква.

Борбите во Нагорно Карабах започнаа на 27 септември, а Азербејџан и Ереван меѓусебно се обвинуваат за избувнувањето на конфликтот.

Во Ерменија беше прогласена воена состојба и општа мобилизација, додека во Азербејџан беше воведен полициски час и делумна мобилизација.

Share
Scroll to Top