Британската кралица и нејзиниот сопруг ќе се вакцинираат, но не пред камери

пред 3 години

Британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип Втори, најверојатно, ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, но нема да го сторат тоа пред камера, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

„Не сум сигурен дека ќе го сторат тоа пред камерите, но убеден сум дека договорите ќе бидат направени според фазниот пристап што го претставив и, како и секое семејство, тие веројатно почувствуваа притисок и грижи за оваа пандемија што не опкружува“, рече Раб како што пренедува Си-ен-ен.

Кралицата Елизабета (94) и нејзиниот сопруг Филип (99), поради нивната возраст, се меѓу најранливите групи коишто се први во редот за вакцинирање против корнавирусот. Вакцинацијата започна вчера во Велика Британија.

Минатата недела Си-ен-ен објави дека поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон се подготвени да ја примат вакцината против коронавирус пред камера за да ја зголемат довербата на јавноста во безбедноста на вакцината, која е одобрена од американската Администрација за храна и лекови.

Share
Scroll to Top