Во Подгорица ќе се одржи марш за поддршка на Украина

пред 2 години

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека руската амбасада во Подгорица испратила нота до црногорското Министерство за надворешни работи со барање да се зголеми обезбедувањето околу зградата на амбасадата во случај на провокации на 19 февруари, кога се планираат демонстрации за поддршка на Украина.

На нејзиниот канал на „Телеграм“ таа го посочи и фактот дека конзулот на Украина во Подгорица, Михаило Шматов, поставил објава на Фејсбук со назнаката #Русија мора да биде уништена#, но дека ја отстранил по неколку часа.

Конзулот во објавата информира дека во сабота во 12 часот во Подгорица ќе биде организиран „Марш на единството“ и ги повикува граѓаните на Црна Гора да одговорат на повикот и максимално да ја поддржат Украина.

Share
Scroll to Top