Излезните анкети од изборите во Франција покажуваат дека Макрон и Ле Пен се изедначени

пред 3 години

Гласачките места во Франција се затворени. Во вториот круг се очекува да одат актуелниот претседател Емануел Макрон и неговата најголема опонентка Марин Ле Пен.

Макрон се надева на втор мандат, но проблеми може да му направи кандидатката на крајната десница.

Левичарскиот популист Жан-Лук Меленшон, исто така, се надева дека ќе влезе во вториот круг од изборите на 24. април.

Според првичните излезни анкети, Макрон и Ле Пен освоиле по 24 отсто од гласовите.

Првиот круг од претседателските избори во Франција започна утрово, а можеа да гласаат околу 48,7 милиони регистрирани избирачи.

Во првиот круг учествува вкупно 12 кандидати.

Француската изборна кампања беше во сенка на војната во Украина. Речиси ниту една порака во кампањата не одекна меѓу гласачите, а многу кандидати беа сфатени како слаби и несоодветни, зголемувајќи ги стравувањата од мал одѕив на гласачите.

Share
Scroll to Top