САД: Русија продолжува со бруталните тактики, ќе биде полошо

пред 3 години

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека назначувањето на руски генерал наречен сириски месар да води војна во Украина е во согласност со војната што ја води Путин.

Генералот Александар Дворников претходно ги предводеше руските операции во Сирија, каде што руските сили беа обвинети дека намерно гаѓале цивилни области. Служел и во Чеченија.

„Видовме воени злосторства и масовни убиства и ужасни и шокантни слики од градови како Буча и ракетни напади врз Краматорск“, рече Саливан зборувајќи за Си-Би-Ес.. „Мислам дека ова е показател дека ќе видиме повеќе од тоа.

Москва негираше каква било вмешаност во смртта на цивили во Буча и ги опиша извештаите за расфрлани тела по улиците таму како лажни вести.

 

Share
Scroll to Top