Нема повеќе гужви во Суецкиот канал, сите бродови поминаа

пред 3 години

Сите бродови кои беа заглавени откако огромниот товарен брод „Евер Гивен“ се заглави во Суецкиот Канал во март месец, денес поминаа низ каналот, со што и официјално се стави крај на блокадата, објави управата на каналот.

Последната група од 61 брод, од вкупно 422 брода што чекаа на ред кога „Евер Гивен“ беше пуштен во понеделникот, денес поминаа низ виталната трговска артерија, објави управата на Суецкиот канал, пренесува Ројтерс.

Меѓународниот синџир на снабдување беше во хаос кога 400-метарскиот „Евер Гивен“ се насука на брегот на каналот на 23 март, а на специјалните спасувачки екипи им требаше скоро една недела за да го ослободат.

Share
Scroll to Top