Во Ирпин кај Киев е на сила тридневен полициски час, денеска има девет коридори

пред 3 години

На територијата на Ирпин, град во украинската Киевска област, се воведува полициски час за три дена, од 12 до 15 април, објави на Телеграм градоначалникот Александар Маркушин, пренесува агенцијата УНИАН.

Украинскиот функционер прецизираше дека за време на полицискиот час ќе биде забранет влезот во градот, освен полицијата, војската, спасувачите и комуналните служби.

Ситуацијата во регионот на Киев се стабилизира во последните денови, но се уште се огласуваат сирените за тревога, а покрај тоа што вооружените сили на Украина го контролираат целиот главен град и регионот, не се исклучени и руски воздушни напади, наведуваат од Украинска агенција.