Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 48. ден
Клучни настани
Во Ирпин на сила е тридневен полициски час
Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови
Зеленски: Украинските сили би можеле да ја прекинат опсадата на Мариупол, но ни треба тешко оружје
Јапонија воведе дополнителни санкции кон Русија
Од минута во минута:
08.45 Во Ирпин кај Киев е на сила тридневен полициски час, денеска има девет коридори
На територијата на Ирпин, град во украинската Киевска област, се воведува полициски час за три дена, од 12 до 15 април, објави на Телеграм градоначалникот Александар Маркушин, пренесува агенцијата УНИАН.
08.35 Британија: Се очекуваат интензивни борби во источна Украина
Борбите во источна Украина ќе се интензивираат во следните две до три недели, а Русија продолжува да ги пренасочува своите војници во таа област, објави денеска британското Министерство за одбрана во редовниот дневен извештај.
08.30 Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови
Агенцијата на ОН за деца, УНИЦЕФ, објави дека речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови во последните шест недели поради руската инвазија на нивната татковина.
Nearly two-thirds of Ukraine’s children have been displaced in just six weeks of full-scale Russia’s war against Ukraine,–UNICEF https://t.co/3GQliBJ5MO
Photo by Dmitry Smolenko pic.twitter.com/24KG1EKcaV— Euromaidan Press (@EuromaidanPress) April 12, 2022
08.10 Јапонија воведе дополнителни санкции кон Русија: Забранети се и нови инвестиции
Јапонската влада денеска одобри дополнителни санкции против 398 лица и 28 организации од Русија поради инвазијата на Украина. Конкретно, санкциите беа наметнати на претставниците на Државната дума, пишува Ројтерс.
Во своето последно видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека украинските сили би можеле да ја прекинат опсадата на Мариупол доколку им дадат тешко оружје.