Рамос и Роналдо ги „закопаа“ воените секири

Рамос и Роналдо ги „закопаа“ воените секири

пред 4 години

Давајќи совршен одговор на вестите дека две години не разговарале, Серхио Рамос и Кристијано Роналдо ги „закопаа“ воените секири по пријателскиот меч меѓу Португалија и Шпанија, кој заврши 0:0 во средата.

Откако беа блиски пријатели девет години во Реал Мадрид, шпанскиот весник „Марка“ тврдеше дека тие не зборувале меѓу себе две години, наводно поради реакцијата на Роналдо на освојувањето на „Златната топка“ на Лука Модриќ во 2018 година.

Рамос на Инстаграм објави фотографија со Роналдо и уште еден поранешен фудбалер на Реал Мадрид, Пепе во соблекувалната со кратка порака: „Уште сме тука, и многу има пред нас. Среќен сум што ве гледам, мои пријатели“.

Марка: Рамос и Роналдо две години се во „тивка војна“

Share
Scroll to Top