Руското Министерство за одбрана постави ултиматум до украинските сили кои се’ уште се борат во опколениот град Мариупол да го положат оружјето, објави руската новинска агенција Тас.
„Со оглед на катастрофалната ситуација што се разви во металуршката фабрика Азовстал, а исто така водени исклучиво од хуманите принципи, руските вооружени сили им нудат на милитантите на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат сите непријателства и да го положат оружјето во 6 часот наутро по московско време. 17 април 2022. години. Нивниот живот е загарантиран“, се вели во соопштението.
Тие бараат Украинците да кренат бели знамиња.