Илон Маск: Закерберг владее со „Мета“ како монарх

пред 3 години

Илон Маск ја искоментира железната контрола на Марк Закерберг над „Мета“ и вели дека е поставена така што дури и Марк Закерберг Четиринаесетти ќе биде главен во „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

Изјавата ја даде на интервју во текот на ТЕД-конференцијата во Ванкувер, Британска Колумбија, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Интервјуерот Крис Андерсон го праша Маск за неговата понуда да го купи „Твитер“ и дали неговиот статус како најбогат човек и еден од највлијателните на платформата може да претставува конфликт на интереси.

Маск ја искористи приликата да го нападне Закерберг, чија  улога во социјалните мрежи ја спореди со монарх.

„Што се однесува до видот на медиумска сопственост, мислам, го имате Марк Закерберг кој е сопственик на Фејсбук и Инстаграм и Вотсап, и со сопственичка структура во која Марк Закерберг Четиринаесетти сè уште ќе ги контролира тие ентитети“, рече Маск.

„Буквално така“, додаде Маск среде смеа од публиката. „Нема да го имаме тоа во Твитер!“.

Изјавата на Маск може да се однесува на идната долга низа потомци на Закерберг или може да се однесува на кралот Луј XIV, кој владееше со Франција повеќе од 72 години и е познат како монарх со најдолго владеење.

Извршниот директор на „Тесла“, исто така, се осврна на контролата на Цукерберг во „Мета“, матичната компанија на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Вотсап“. Основачот на „Фејсбук“ поседува 55% од акциите на компанијата со право на глас – што значи дека Закерберг во суштина има целосна моќ на вето над другите акционери кога станува збор за иднината на компанијата.

Share
Scroll to Top