Сукња и краток топ за во Мадрид, ама на Андреа ѝ фали женственост

Сукња и краток топ за во Мадрид, ама на Андреа ѝ фали женственост

пред 3 години

Андреа Коевска ја продолжува турнеата за претставување на евровизиската песна „ Circles“. Овој пат таа беше дел од  забава во Мадрид во „Sala La Riviera“ која изненади со својот изглед.

Андреа на виолетовиот тепих го привлече вниманието облечена во црна комбинација со плесирано здолниште и краток топ, кој воедно е хит моден тренд овој период. Откако се појавија фотографиите на социјалните мрежи, многумина коментираа дека иако е облечена во супер модна комбинација, сепак на Андреа и фали малку женственост.

Неодамна во интервју за Репортер, Андреа рече дека покрај тоа што добро пее, сака да има у убаво тело, па редовно го одржува со спортување кик бокс.

„Јас сум борбена, но никогаш не ги решавам проблемите со насилство, туку решавам да  заминам ако се најдам во непријатна ситуација. Внимавам што јадам, тренирам постојано и сакам да го имам најдоброто тело на Евровизија оваа година или барем најдоброто тело што јас можам да го добијам со спортувањето“, откри Андреа и она што го откри е дека не носи често високи потпетици, иако добро и стојат.

 

22 годишната пејачка имаше свое претставување во Тел Авив, Израел каде имаше малку поразличен аутфит од овој кој е повпечатлив.

Инаку Андреа Коевска со песната „Circles“ ќе настапи на Изборот за песна за Евровоизја 2022 кој ќе се одржи на 12 ти мај во Торино, Италија. Таа ќе настапи 11-та во втората полуфинална вечер.

 

Фото: Инстаграм , фана страна на Евросонг 

Share
Scroll to Top