Елегантна и префинета - Фустан со лимета боја создаден за Никол Кидман

Елегантна и префинета – Фустан со лимета боја создаден за Никол Кидман

пред 4 години

Оскаровката Никол Кидман на црвениот тепих на премиерата на филмот „The Northman“ облепрофедефилира во креација која ги привлече сите погледи. Таа на премеирата пристигна во долг фустан со лимета боја која ја следи линијата на нејзиното тело, украсен со светкави детали на долниот дел и розеви пердуви на рамената.

Станува збор за креација на модната куќа „Прада“, која актерката ја спои со накит „Орлов“. Храбриот фустан, Кидман го надополнила со сребрена чанта и црни сандали на високи потпетици додека нејзината косата била крената во елегантна пунџа со неколку пуштени прамени.

Пред премиерата, актерката на Инстаграм објави дека со нетрпение очекува повторно да се сретне со колегите актери и тимот што работел на филмот за принцот викинг кој го игра Александар Скарсгард. Тој во едно претходно интервју изјави дека нема подобра филмска партнерка од Никол Кидман.

Share
Scroll to Top