Откако дозволија само 18 поени во втората и третата четвртина, актуелните шампиони од Евролигата, Анадолу Ефес стигнаа до 64:48 победа на гости кај Армани Милано, додека Барселона со 77:67 на домашен терен беше подобра од Баерн Минхен.
И покрај тоа што победија во само пет гостувања во текот на целата регуларна сезона, Ефес се покажаа фантастични во одбраната, додека во нападот Шејн Ларкин и Василије Мициќ имаа по 16 поени за победа во „Медиоланум форумот“, за да ја поништат домашната предност на италијанскиот клуб.
Барселона, пак, предводена од Брендон Дејвис, Данте Егзам и Никола Миротиќ, успеа да ги победи Баерн Минхен за водство и заддржување на домашната предност. Дејвис имаше 19 поени, Егзам и Миротиќ додадоа по 12, додека за Баерн, Владимир Лучиќ заврши со 20 поени.
ЕВРОЛИГА, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Олимпија Милано – Анадолу Ефес 48:64 (16:11, 10:18, 8:17, 14:18)
Барселона – Баерн Минхен 77:67 (20:22, 23:11, 19:18, 15:16)