(Видео) Млади Етиопјани чекаат пред руската амбасада, наводно сакаат да се борат против Украина

пред 3 години

Пред руската амбасада во главниот град Адис Абеба се собираат голем број млади Етиопјани, а се шират информации дека Русите регрутираат војници за војната во Украина. Многу Етиопјани се видени како во амбасадата носат лични документи.

Млад човек кој чекал на влезот, за Би-би-си изјавил дека бара добра плата како војник или да добие друга работа. Русија, сепак, ги негира информациите, а властите велат дека регрутирање во Етиопија не е во тек, односно дека многумина едноставно покажуваат солидарност кон Русија.

„Многумина изразуваат поддршка за Русија, а некои од нив се подготвени да помогнат на кој било начин. Сепак, ние не регрутираме“, рече Марија Чернукнина, портпаролка на тамошната амбасада. Амбасадата за ситуацијата објави и на „Твитер“.

„Информираме дека амбасадата не прифаќа никакви барања за прием во вооружените сили на Руската Федерација“, се вели во соопштението, во кое тие се заблагодаруваат на Етиопија за поддршката на Русија за време на гласањето во ОН.

За потесетување, Етиопија беше меѓу земјите кои не гласаа за резолуцијата за руската инвазија на Украина, а 17 африкански земји беа воздржани од гласање, вклучително и Јужноафриканската Република.

Share
Scroll to Top