Хајдук Сплит го победи вечниот ривал Динамо Загреб со 1:0 на „Пољуд“ и ја врати неизвесноста за шампионската титула во првенството на Хрватска. Сега „модрите“ имаат два бода предност пред Осијек, а четири пред Хајдук, на врвот на табелата.
Никола Калиниќ во 63.минута го постигна единствениот гол на натпреварот.
Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери во гостинскиот тим, а Јани Атанасов не настапи за Хајдук.