Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 125 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 15 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 33 возачи и за технички неисправни и нерегистрирани возила казнети се осум возачи. 61 возило е подигнато со пајак. „Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.
Казнети 125 возачи во Скопје
пред 4 години