Ковачевски: Ние сме за членство во ЕУ, но преку достоинствено решение со Бугарија базирано на европски вредности

пред 4 години

Mожам да кажам за она што ние како држава го имаме како цел а тоа е што побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ и дека решението за ова прашање треба да се базира на европски вредности, со почит кон достоинството на сите граѓани на двете држави и со заемна почит меѓу политичарите и институциите во Северна Македонија и Бугарија, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

„ Разговорите треба да ги водиме на тие принципи и јас се надевам дека постои простор да седнеме и на база на такви принципи да ги водиме во иднина. Така разговарам со премиерот на Бугарија. Со тон и дух на комуникација којшто соодветствува на двајца премиери и јас таква комуникација на неделно ниво имам со премиерите и претседателите на Србија, Грција, Албанија и со другите во регионот“, нагласи премиерот Ковачевски.

Share
Scroll to Top