Градоначалникот на Мариупол бара целосна евакуација на градот

пред 3 години

Градоначалникот на Мариупол упати нов апел за целосна евакуација на градот, за кој претседателот Владимир Путин вели дека сега главно е под контрола на руските сили.

„Ни треба само целосна евакуација на населението. Околу 100.000 луѓе остануваат во Мариупол“, изјави градоначалникот Вадим Бојченко на националната телевизија, пренесува Ројтерс.

„Важно е да се разбере дека животите на оние кои се уште се тука се во рацете на само еден човек – Владимир Путин. И сите смртни случаи што ќе се случат отсега натаму ќе бидат исто така во негови раце“, рече Бојченко.

Путин во четвртокот рече дека руските сили го ослободиле Мариупол, најголемиот украински град кој паднал во руски раце од почетокот на „специјалната операција“.

Бојченко смета дека немало план за ослободување, туку за уништување, тврдејќи дека 90 отсто од градот е уништен или оштетен.

„Денес, на сите нивоа, зборуваме само за една работа – дека ни треба примирје, целосна евакуација на 100.000 жители на Мариупол кои се заробеници на руските сили и дека луѓето што се во Азовстал треба да бидат ослободени“, кажа тој.

Share
Scroll to Top