Исчезна скулптурата на фалус од планината Грунтен во Германија

пред 3 години

Германската полиција започна истрага за исчезнувањето на необичната скулптура на фалус од планина во Баварија, јавуваат локалните медиуми.

Дрвената скулптура на фалус висока два метра по сè изгледа е исечена за време на викендот, според локалниот весник „Алгаеуер цајтунг“.

Скулптурата со години ја красела планината Грунтен, југозападно од Минхен. Не е познато кој ја изработил и поставил скулптурата, но со текот на времето станала еден од заштитните знаци на планината Грунтен, која со висина од 1.738 метри привлекувала бројни планинари.

Скулптурата била обележана како споменик на културата дури и на „Гугл мапс“.

Никој не може ни да објасни како фигурата на фалус тешка 200 килограми се пренесуваше по угорница.Една од теориите што ја цитираат некои германски медиуми е дека станува збор за несакан подарок за роденден, направен од група момци за да се пошегуваат со пријател. Кога подарокот бил одбиен, тие со помош на носач на тркала го одвлекле на планината.

Скулптурата никој не ја поместил со години, а потоа викендов се покажало дека исчезнала.

Баварската полиција објави дека започнала истрага, јавува германската агенција ДПА, но не се сигурни што ќе сторат доколку го пронајдат сторителот.

„Не сме сигурни дали ова е кривично дело или не“, рече портпаролот на полицијата. Тој додаде дека полицијата има тешкотии да утврди кој е оштетениот бидејќи не е познат сопственикот на скулптурата.

Share
Scroll to Top