Едно лице приведено при претрес во Тетово

пред 3 години

Утрово во 08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.М.(26) од Тетово.

Имено, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот и други простории кај Д.М., во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, при што биле пронајдени марихуана и дробилка.

Д.М. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти полицијата.