Еден од најдобрите светски голмани и играч на Парма, Џанлуиџи Буфон, направи голем кикс на натпреварот со Перуџа. Тој прими смешен гол кој го чинеше неговиот тим пораз. Парма загуби со 2:1, а еден од головите оди на душа на италијанскиот голман.
Тој промаши цела топка по подавањето на еден од неговите соиграчи. Неговите фанови коментираат дека ова е една од неговите ретки грешки во кариерата и дека ќе ја памети додека е жив.
За потсетување, на овој натпревар уште од почетокот настапи и најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев. Тој беше сменет во 56-тата минута. Парма е на 13-то место во Серија Б и одамна ги загуби шансите да се бори за плеј оф за пласман во најсилната лига во Италија.
This is the Buffon moment I mentioned earlier #PerugiaParma?? pic.twitter.com/30WcZ1YQbY
— Richard Hall (@RichHall80) April 25, 2022