Сара Џесика Паркер со чорапи и кломпи низ улиците на Њујорк

Сара Џесика Паркер со чорапи и кломпи низ улиците на Њујорк

пред 2 години

Главната хероина од телевизиската серија „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер по пандемијата повторно се враќа на нејзините работни ангажмани. Папарацо ја фотографирал во Њујорк како оди на проба во театар.

На пробата отишла во обична тренирка која ја искомбинирала со црна маица и кратка јакна, а на нозете носи чорапи со кломпи. Реално, кломпите оваа пролет повторно се враќаат во мода. 

На црвените теписи секогаш се појавува во фантастични потперици,  а бидејќи има и сопствен бренд на чевли, често ја гледаме во модели со нејзиниот потпис. 

Иако низ светот постојат различни варијанти на дрвени чевли кои би можеле да ги класифицираме како кломпи, оние кои оживеале во нашата клима потекнуваат од Холандија и нивното постоење за прв пат е забележано во 13 век. Првично ги носеле земјоделците, рибарите и занаетчиите со желба да си ги заштитат стапалата додека работеле, но набрзо станале неизбежни и во домовите, а украсените варијанти се носеле дури и на свадби. Традиционално, тие беа направени целосно од дрво, но на крајот тој дизајн еволуираше, па денес кломпите имаат само дрвен ѓон, а горниот дел главно е направен од кожа.


 

Share
Scroll to Top