На 119 години почина најстарата личност на светот

На 119 години почина најстарата личност на светот

пред 3 години

На 119 години почина Јапонката Кане Танака, најстарата личност во светот. Родена е на 2 јануари 1903 година, а последните две децении живееше во дом за стари лица во Јапонија. Таа почина од старост во болница во градот Фукуока во западна Јапонија.

Во 2019 година Гинисовата книга на рекорди потврди дека таа е најстарата личност на светот. На својот роденден пред четири месеци таа кажа дека се надева дека ќе доживее 120 години.

Танака во нејзините помлади години водела неколку бизниси, како што се продавница за тестенини и продавница за колачи со ориз.

По смртта на Танака, најстара чиност на светот стана Лусил Рандон, калуѓерка од Франција која има 118 години.