Папата до свекрвите: Внимавајте на својот јазик

пред 3 години

Папата Франциско им оддаде почит на свекрвите, за кои рече дека често се жртви на најбаналните клишеа и ги повика да обрнат внимание на нивниот јазик, особено во однос на снаите.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Овонеделната општа аудиенција на плоштадот Свети Петар беше посветена на меѓугенерациските односи, а папата имаше долга дигресија за „митскиот карактер“ на свекрвата.

„Свекрвата, не велам дека ја гледаме како ѓавол, но таа секогаш е погрешно претставена. Но, свекрвата (или тешта) е мајка на вашиот сопруг и мајка на вашата сопруга“, рече тој.

„Често се вели дека свекрвата колку е подалеку, толку подобро. Но не, таа е мајка, таа е постара личност. За една жена е една од најубавите работи да има внуци. Кога нејзините деца имаат деца , таа повторно оживува“, продолжи 85-годишниот аргентински папа.

Тој ги предупреди и снаите: „Одржувајте контакт со свекрвите. Понекогаш тие се малку посебни, но му дале мајчинство на вашиот сопруг. Барем израдувајте ги“, додаде папата.

Франциско упати совет и до свекрвите: „Ви велам, внимавајте како се изразувате, (девијацијата) на јазикот е еден од најгрдите гревови на свекрвите“.

Share
Scroll to Top