Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев утрово се огласи на социјалните мрежи по победата над Косово (2:1), со која националниот тим дојде на чекор до пласман на Европското првенство.
Пандев на „Инстаграм“ сподели фотографии од синоќешниот натпревар со Косово и напиша: „Уште еден чекор до остварување на нашите соништа. Македонија вечна“.
Македонија на 12 ноември во Тбилиси против Грузија ќе го игра решавачкиот натпревар за пласман на Европското првенство.