Џафери: Посетата на Украина значи лична и институционална поддршка за враќање на мирот во оваа држава

пред 3 години

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на редовната средба со новинарите информираше за неговото патување во Украина, по покана на претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефачук.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Џафери се осврна на средбите со државниците на Украина, од претседател на Украина, преку премиер, претседател на Собрание до лидери на локални комитети и градоначалници. Тој информираше и дека за своето патување претходно доставил официјален допис и до Претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Владата на РСМ.

Џафери рече дека патувањето до Украина било организирано според посебни безбедносни протоколи и се одвивало преку комерцијален лет до Варшава, потоа со моторни возила до границата со Украина, а оттаму до Киев со специјална железничка рута организирана од Полска и Украина во времетраење од 14 часа.

Нагласи и дека одлука на државата е да се поддржи Украина, а неговата лична одлука како претседател на Собранието да ја посети Украина значи непосредна, лична и институционална поддршка за напорите на институците и на државата Украина, со цел враќање на мирот и контролата врз целата територија на Украина. Поддршката од Македонија ќе зависи од барањата на украинските институции, а обновата на Украина и враќањето на животот во нормала несомнено ќе бидат олеснети преку меѓудржавна, односно меѓу институционална соработка на сите нивоа и истата може да е финансиска, материјална или санитарна поддршка, посочил Џафери.

Според информацијата од неговиот кабиент, тој нагласил и дека како држава целосно се приклучивме на мерките и санкциите што ги наметна Европската Унија врз Русија, иако не сме членка на ЕУ, зашто тоа е наша обврска согласно европската перспектива на државата, поддржана од огромно мнозинство граѓани.

Претседателот на Врховната Рада на Украина доставил писмо со барање до сите парламенти да се донесе Декларација (Декларација на Врховната Рада на Украина за геноцидот извршен од Руската Федерација во Украина). Џафери информираше дека декларацијата ќе ја разгледа со пратениците, со цел да се донесе што поскоро.