Двејн Џонсон и Клои Кардашјан сега се соседи во музејот на восочните фигури „Мадам Тисо“ во Лас Вегас.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во видео објавено на „Тик-ток“ пред два дена актерот застана во барот „Теремана“ како дел од музејот за да наздрави за својата нова восочна фигура. Потоа им го покажа на своите фанови, а реши да покаже и нешто друго.
„Треба да ве запознаам со мојот сосед“, рече актерот од Red Notice свртувајќи ја камерата кон фигурата на Клои, облечена во боди од тантела и избледени фармерки.
„Погледнете го ова, луѓе. Изгледаме кул заедно, нели?“, рече тој и ја подигна веѓата во својот препознатлив стил.
Набргу се пожали дека на неговата фигура ѝ недостига материјал во пределот на задникот, па побарал од вработените во музејот „да му дадат уште малку глутеус“.
„Дајте ми глутеус како нејзиниот“, им рекол.
Видеото го видела и Клои Кардашјан и, како што открила, плачела од смеа. Изгледа дека сум во одлично друштво. Нè наместија“, напиша таа на „Инстаграм“.