По двегодишна пауза пореди пандемијата во саботата вечерта се одржа гала вечера за акредитирани дописници на Белата куќа, а комичарот Тревор Ноа беше задолжен да ги забавува присутните.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Првпат по шест години на настанот во Вашингтон дојде и претседателот Џо Бајден. Претходникот на Бајден, Доналд Трамп, ниту еднаш во својот мандат не присуствувал на традиционалната гала.
Вакви гала вечери се одржуваат речиси еден век, а од 1980 година на секоја од нив се појавувал и актуелниот претседател, освен Трамп.
Поканети беа околу 2,600 гости. Говорот на претседателот, како и што се очекуваше, беше со сатира на сопствена сметка. Бајден и првата дама потоа седнаа да вечераат.
Комичарот Тревор Ноа го предводеше настанот и ги поздрави гостите со долго обраќање. Тој ги забавуваше присутните и успеа да изнуди гласна смеа и аплаузи.
Меѓу гостите имаше и селебрити-личности и шоу-биз ѕвезди. Ким Кардашијан и нејзиното момче Пит Дејвидсон беа забележани на црвениот тепих пред вечерата.
Дру Баримор, Гејл Кинг, Нора О’Донел и Венди Мекмахон беа меѓу поканетите ѕвезди од шоу-бизнисот.