Следните санкции на ЕУ мора да бидат ембарго за руската нафта, вели украинскиот министер Кулеба

пред 4 години

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека разговарал со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и дека му рекол дека следниот пакет санкции мора да вклучува ембарго на руската нафта.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Исто така нагласив дека не може да има алтернатива за статусот на кандидат за членство во ЕУ на Украина“, напиша Кулеба на „Твитер“ по разговорот со шефот на европската дипломатија.

Украинскиот министер посочи дека во разговорот со Борел посебно внимание било посветено на натамошната безбедна евакуација од опколениот Мариупол.

Share
Scroll to Top