Велика Британија ќе обезбеди 356 милиони евра воена помош за Украина

пред 3 години

Обединетото Кралство најави дека ќе обезбеди 356 милиони евра дополнителна воена помош за Украина, покрај сегашната помош во вредност од околу 237 милиони евра.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Кабинетот на премиерот Борис Џонсон во понеделникот вечерта објави дека Лондон, меѓу другото, на Украина ќе и понуди уреди за ноќно набљудување, алатки за попречување на сателитската навигација, беспилотни летала за снабдување на украинските војници и оклопни возила за цивилните службеници, пренесува Ројтерс.

Од почетокот на руската воена операција во Украина, Британија испрати повеќе од 5.000 противтенковски ракети и пет системи за противвоздушна одбрана, како и друга муниција и експлозиви.

Соединетите Држави досега обезбедија воена помош од 3 милијарди долари за Украина, а минатата недела претседателот Џозеф Бајден побара од американскиот Конгрес да одобри повеќе од 20 милијарди долари воена поддршка.

Share
Scroll to Top