Турција откри големо наоѓалиште на злато во вредност од шест милијарди долари

пред 3 години

Турција откри големо наоѓалиште на злато во кое има 99 тони благороден метал во вредност од 6 милијарди долари, пренесуваат турските медиуми.

Наоѓалиштето на злато во турскиот град Согут на северозапад од Анадолија го откри Фахретин Појраз, кој раководи со земјоделски кредитни задруги на Турција и е сопственик на компанијата за производство на ѓубрива „Губреташ“.

„Зборуваме за злато вредно скоро шест милијарди долари. Во рок од две години ќе го извлечеме првото злато, што значително ќе влијае на турската економија”, рече Појраз, пренесуваат турските медиуми.

По веста, акциите на компанијата што ја поседува се зголемија за десет проценти.

Златната треска сериозно ја потресе Турција, бидејќи последните студии проценуваат дека тоа е мал дел од скриените резерви на злато и дека има потенцијално дури 6.500 тони благороден метал.

Министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез претходно изјави дека Турција го собори рекордот минатата година откако произведе 38 тони злато.

„Нашата цел е да постигнеме производство на 100 тони злато во следните пет години“, рече Донмез пред големото откритие.

Share
Scroll to Top