Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повторно разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, а главни теми се Украина и она што се случува во таа земја, пренесуваат светските гласила.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Според АФП, Путин му рекол на Макрон дека Западот мора да престане да и испорачува оружје на Украина.
Обвинувајќи ги украинските сили за воени злосторства, Путин му рекол на Макрон дека Западот може да помогне да се запрат овие злосторства со вршење релевантен притисок врз властите во Киев, како и со запирање на испораката на оружје за Украина.
Рускиот претседател според написите во медиумите, изјавил дека Киев е несериозен во преговорите за прекин на конфликтот.